Зоран Заев е најголемиот губитник на изборите. Зоран Заев изгуби со повеќе од 100 илјади гласа разлика, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Иако по катастрофалниот пораз ја најави својата фејсбук оставка, веќе цели 2 недели граѓаните очекуваа дека барем едно свое дадено ветување ќе си го исполни.

Повторно се докажа максимата дека Зоран Заев никогаш не си стои на зборот, па затоа мораше да измисли нова фраза, досега не позната, повлекување на оставката на неопределено време.

Наместо оставка, за да си ја продолжи својата политичка кариера, премиерот во заминување Заев се дрзна дури и да киднапира народен избраник, се со цел да не му се изгласа недоверба во Собранието.

Со ваквиот негов чекор очигледно е дека тој државата ја смета дека е еден нарко картел, па почна да киднапира луѓе за да продолжи криминалот на кланот Заеви.

Македонија со оваа картелска власт секој ден се повеќе тоне економски, граѓаните осиромашуваат, а криминалот и корупцијата растат.

Граѓаните јасно покажаа дека се против оваа криминална власт, и падот на оваа најкриминална власт до сега ќе дојде многу брзо. Колку повеќе се препелкаат во калта, толку поболен ќе им биде падот од власт.

Оставката на Зоран Заев за многу брзо ќе му ја испорачаат граѓаните. Но по падот на Заев и целата криминална влада, одговорност ќе има за секого, тврдат од ВМРО ДПМНЕ