Состојбата со дојавите за бомби станува алармантна, а Оливер Спасовски нема абер да превземе нешто да ги заштити граѓаните. Вчера беа упатени рекордни 50 дојави за бомби во средни и основни училишта, а учениците, наставниците и родителите се истрауматизирани. Спасовски без срам дури вчера најави дека допрва ќе се координира со службите како да се надмине оваа закана за безбедноста која трае со месеци. Крајна индолентност и неодговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски пред извесно време помпезно најави откривање на дојавувачите на бомби кои сеат страв. Но од тогаш нема никаков резулат, а бројот на дојави станува се поголем. Со месеци институции, трговски центри, станбени комплекси и училишта се под закана, а МВР допрва ќе се координира. Дополнително, да биде работата пострашна, Спасовски и Ковачевски не побарале помош од странски експерти од нашите партнерски земји за справување со дојавите за бомби. Уво не ги боли заради тензиите кои постојат кај граѓаните. Полна им е устата со термини како хибридни напади, а не ги искористиле домашните и меѓународните капацитети за  помош. Човек да помисли дека намерно дозволуваат ваква ситуација на криза и неизвесност кај народот, обвинуваат од партијата.

„Дека се работи за неспособност и непрофесионалност кај екипата на Спасовски, тоа веќе е јасно, но не е јасно зошто не побараат друг да им помогне да се прекинат ваквите безбедносни закани. Затоа велиме дека Оливер Спасовски е безбедносен проблем за Македонија. Колку побрзо си поднесе оставка, толку побрзо ќе може професионалци да се справат со ваквите и други предизвици и закани за граѓаните“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.