Димитар Ковачевски и СДСМ по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМЕ почнаа да шират само лаги и хистерија за наводно попуштање кај ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста во СДСМ е сосема поинаква. И од анкетите на јавносто мислење и од изјавите на Мицкоски се гледа само едно дека социјадемократите тонат. Оттука се концентрираат на тоа како да ги поминат одбројаните денови во фотелјите.

Според партиски извори во СДСМ информацијата е дека тие не се задоволни ниту од Ковачевски, ниту од политиките кои ги води бидејќи со истите и Македонија, а и партијата ги носи само во пропаст. Неколкумина приврзаници на Ковачевски се обидуваат да се спаси нешто но како и да е нервозата во редовите е огомна.

Но, партиски извори од СДСМ велат дека „од Ковачевски се бара оставка, а причините за тоа веќе ги знаат и јасни им се на речиси сите во партијата“. И не само во партијата, вели нашиот извор, тој едноставно ја внесе државата во ќорсокак, а илзезот е тежок без промена на политиката.

Од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ, наспроти нервозите во СДСМ, партијата и лидерот Христијан Мицкоски се јасни. Мицкоски му даде две опции на Ковачевски.

„ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик. СДСМ наместо да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДСМ не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи“, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во истот се наведува дека неодговарањето значи две опции, една е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Додека втората, е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет.

Оттука е јасно ставот на Димиитар Ковачевски и воопшто СДСМ по Извршниот одбор на партијата и Центарлниот одбор дека има поместувања во ВМРО-ДПМНЕ не е точен и е заблуда во која живее или сака да живее СДСМ.

Кузеска по седниците на највисоките партиски тела рече „имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор, а секако и начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“.

Нема нови околности, барем не онакви какви ги гледа или халуцинира СДСМ, има само нервоза и незадоволство од СДСМ и од друга барање за оставка на Ковачевски.