Внатрешната контрола при МВР констатирала сериозни пропусти во работењето на дури 39 полициски службеници во случајот со Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка трагично го загуби животот по пад од зграда.

Од МВР соопштуваат дека утврдените пропусти се поврзани со начинот на постапување по претходно пријавено семејно насилство во ова семејство.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе го известил надлежното обвинителство, кое треба да ја разгледа евентуалната одговорност на полициските службеници.

Случајот е проследен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде ќе се утврдува дали постојат елементи за кривична одговорност во постапувањето по пријавите.

Според претходните информации, во семејството подолг период биле поднесувани повеќе пријави за насилство, по кои постапувале различни полициски службеници.