Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, известуваат утрово од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража 80 м., Ѓавато 100 м., Маврово 80 м. и Плетвар 80 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Од АМСМ потсетуваат дека од вчера започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.