Организационениот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети гостуваше вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде упати сериозни критики кон министрите на ДУИ во Владата.

Тој посочи дека тие недоволно работат за реализација на програмата на ДУИ.

Беџети смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, како што се фали за реализираните проекти, така треба да преземе одговорност и за нереализираните проекти.

„Оваа Влада повеќе се фали отколку што работи. Потребно е повеќе да се насочат кон реализација на проекти за доброто на граѓаните. Затоа ние го кренавме гласот, сакаме да вршиме притисок кон Владата за да се реализираат проектите, затоа што се ближат избори, а на избори со нереализирани проекти граѓаните може и да не ве гласаат“, вели Беџети.