Фатмир Лимани, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ексклузивно за Алсат објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Кичево на следните локални избори, како независен кандидат. Лимани иако е внук на Али Ахмети, тој остро го критикува ДУИ.

– Актуелните локални структури на ДУИ во Кичево треба да се проверат за работата што ја работат, бидејќи тие одлучија само да ставаат „бекатонка “и да ја одредуваат цената, рече Лимани при објавувањето на својата кандидатура за независен кандидат за градоначалници на општина Кичево.

Лимани ги обвинува локалните власти во Кичево дека се виновни за ситуацијата во која го донесоа градот и дека според него нивните неуспеси влијаеле на младите во Кичево да ја напуштат земјата.