Повеќе медиуми ја пренесоа веста дека Муса Ахмети, внук на Али Ахмети од братучед кон крајот на декември лани бил уапсен во неговиот дом каде биле пронајдени марихуана и остатоци од хероин.
Веста jа објави Алфа. Медиумот поставил прашање до МВР, а го добил следниот одговор:
„На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријав против М. А. од Зајас“, информираат од МВР.
Како што дознава телевизијата, тој пред извесен период се вратил од Косово, каде бил некое време. Набрзо по доаѓањето во Македонија, бил фатен со дрога. Поради информациите кои ги добивме од свиркач, до МВР поставивме конкретно прашање – дали во Кичево бил уапсен Муса Ахмети, со име и презиме.
На прашање од телевизијата до МВР, дали во текот на минативе три недели во Кичево бил уапсен Муса Ахмети под сомнеж за неовластено поседување на дрога, тие ги потврдиле иницијалите М.А.