Во Москва на 94-годишна возраст почина внукот на Јосиф Висарионович Сталин и ветеран од Големата патриотска војна, Леонид Алилујев, пишува весникот „Известија“.

Како што изјави неименуван извор за весникот, телото на Алилујев било пронајдено во средата во стан во Москва, пренесе “РИА новости“.

Тој рече дека смртта на ветеранот не била насилна.