-Нема простор за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Нискиот процент на вакцинација нѐ принудува да ги воведеме овие мерки, рече министерот, а пренесе „Ројтерс“.
Тој уште еднаш апелира до граѓаните да се вакцинираат.
Според новите ограничувања што ќе бидат во сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, а кината и театрите ќе треба да работат со капацитет од 50 проценти.
-На учениците ќе им биде дозволено да посетуваат настава кога ќе почне учебната година на 15 септември, рече Кацаров, но предупреди дека ако бројот на новозаразени продолжи да расте, можеби ќе треба да се префрлат на онлајн-настава.
Бугарија е земја со најниска стапка на вакцинација против коронавирус во Европската Унија, а во последните недели забележа голем скок на инфекции предизвикани од позаразниот делта-сој на вирусот.
Меѓу популацијата од седум милиони жители, само денес се регистрирани 1.745 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на активни инфекции се искачи на 32.192.
18.950 луѓе починаа од почетокот на пандемијата, а уште 54 смртни случаи се пријавени денеска во Бугарија, која има највисока стапка на смртност во Европската Унија.