Албанскиот премиер Еди Рама објави дека од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи, Рама рече дека минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат ветениот износ од 500 евра.
Ова зголемување, според премиерот, ќе биде првото, но не и единственото зголемување во овој мандат, кога минималната плата ќе достигне 700 евра.
Не само тоа, додаде Рама, „туку како што ветивме, владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци“.
„Вака кажано, ова сум јас и ова сме ние. Јас велам и ние го кажуваме она што го правиме и го правиме она што го кажуваме. И тие 83 мандати што ни ги дадовте да управуваме со Албанија во четвртиот мандат и да ја седнеме на масата на Европската Унија, како еднакви меѓу еднаквите, се 83 причини повеќе од до вчера, да не спиеме, да работиме без одмор. Извонредна доверба што ни ја дадовте е извонредна привилегија“, рече Рама.
Албанија има најниска бруто минимална плата не само регионот, туку и во Европа, која изнесува 408 евра.
