Денеска, во 11.40 часот, во с. Арачиново, Скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А. А. (27) од с. Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 б од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.