Во дваесетината редовни и вонредни контроли од сообраќај билo исклученo 51 возило.
–Без малку половина од исклучените возила (25) имале истечена регистрација над 30 дена, додека кај 26 возила била утврдена техничка неисправност. Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 212 возачи, од кои 129 управувале возила без возачка дозвола, 32 под дејство на алкохол, 37 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 9 со несоодветна категорија и 5 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во овој месечен период времено биле одземени 17 возила, од кои 10 за истечена регистрација повеќе од шест месеци, а седум за бучавост, 41 возачка дозвола и 48 сообраќајни дозволи.
Тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 84 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје, пред се во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места, кои непосредно го оневозможувале непреченото и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот