Австралискиот премиер Скот Морисон најави дека бројот на патници, кои можат да влезат во Австралија, ќе биде двојно намален.
Бидејќи земјата постави цел да нема случаи на Ковид-19 на нејзина територија, само 6.000 патници неделно ќе можат да пристигнат со комерцијални летови во Австралија, по што им следува задолжителен двонеделен карантин во хотел.
Морисон денеска изјави дека дозволениот број патници ќе се намали на 3.000 до средината на овој месец, а се повеќе жители не го кријат своето незадоволство поради рестриктивните мерки, недостатоците во карантинските системи и забавената кампања за вакцинација. Повеќе од 18 месеци по почетокот на пандемијата на Ковид-19, помалку од осум проценти од возрасната популација примиле две дози на вакцина.
– Ова е тежок период за оние кои се соочуваат со ограничувања, истакна премиерот Морисон.
Околу 10 милиони жители на Сиднеј, Бризбејн и Перт од денеска се наоѓаат во карантин поради повторното појавување на заразата, додека вчера беа регистрирани 27 новоинфицирани од коронавирусот.