Вкупно 174 лица се идентификувани како жртви на трговија со луѓе на градилиште во Кало во белгискиот пристаништен град Антверпен. Меѓу жртвите 17 лица се од Бангладеш, 52 од Филипини и 105 од Турција, соопшти белгиското Обвинителство.
„Тие бројки може да се променат во текот на истрагата и може да има и работници од друга националност“, се додава во соопштението.
Осомничените жртви на трговија со луѓе наводно работеле на градилиштето на австриската хемиска компанија Бореалис во пристаништето во Антверпен.
Во соопштението на белгиското Обвинителство се наведува дека минатата недела Бореалис ја прекина работата на локацијата на три дена и најави суспензија на договорот со подизведувачот одговорен за ангажирање на работниците.
Истрагата се прошируваат и на можни прекршувања на белгискиот закон за плати и мерките за социјално осигурување.