-Се бара по потерница на Основниот суд-Скопје 1, по член 131 став 1, во врска со член 22 од КЗ, за издржување на казна од 6 месеци, се наведува на сајтот на МВР.
Но, неговото име одекна во јавноста пред четири години кога се случи убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. За убиството беше осомничен и обвинет Филип Секуловски- Кобра, кој беше уапсен по две години бегство. Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли.
Истиот во 2011-та година бил приведен и од италијанската полиција поради поврзаност со местењето на натпревари во италијанската калчо лига.
Трајковски и Христијан Илиевски се двајцата македонски државјани вмешани во мегаскандалот со наместени резултати во италијанската најсилна фудбалска лига – Калчо. Станува збор за убиец и криминалец со тапија, кој поддршката ја добил од поранешен полицаец со кого заедно влегле во групата, која им кумувала на резултатите и добила огромни суми на пари. – пишуваше во 2011-та година весникот „Вечер.
Во 2011-та тој бил уапсен на атинскиот аеродром, а според поред неофицијалните информации, двајцата имале свои луѓе и во македонскиот фудбал, а Трајковски бил и член на Управен одбор на еден скопски фудбалски клуб. Меѓутоа цврсти докази дека местел резултати во домашното првенство тогаш немало.