Најстудено утрово е во Берово со измерени – 9 и во Маврови Анови и во Штип со – 7 степени. Во Скопје кај Петровец, во Крива Паланка, во Битола, во Демир Капија и на Попова Шапка се измерени – 6 степени.

Како што информира УХМР, во Тетово, Претор, Прилеп и Крушево утрово се измерени – 5, во Охрид, Виница, Струмица -4, во Скопје, кај Зајчев Рид -3, во Куманово – 1 и нула степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово изнесувала 45 сантиметри во Попова Шапка, 16 во Маврови Анови, два во Крушево и еден сантиметар во Ѓуриште.

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала локална облачност, зголемена облачност има во североисточните делови, а во Демир Капија има појава на слаба магла.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.