Полицајци биле нападнати при вршење на службени дејствија во два одвоени случаи, едниот во Битола, а другиот во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.