Според планот на медицинските тимови во вакциналниот пункт сместен во спортската сала на средното медицинско училиште „Др Јован Калаузи“ во Битола, до 13 часот ќе се врши вакцинирање на граѓаните кои што сакаат да се заштитат од сезонски грип, додека во терминот по 13 часот ќе се вакцинираат граѓаните за заштита од вирусот Ковид.

-Во Битола со прва и втора доза вакцина, вакцинирани се 56 отсто од населението на возраст над 12 години, а интересот за трета вакцина се зголемува, информираа од вакциналниот пункт во Битола.

Според актуелната епидемиолошка анализа на Министерството за здравство во Битола од почетокот на појавата на вирусот регистрирани се 8.086 инфицирани лица, а во моментов активни се 656 заболувања со Ковид-19 во овој град.