Како што велат од МВР, вчера во 09:50 часот во СВР Битола, Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од двете светски војни во река над с.Ниже Поле,битолско. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал бомбата.

На 07.09.2021 во 11:16 часот во СВР Битола, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со кал.75 мм од првата светска војна. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал гранатата, се наведува во соопштението на МВР.