Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти. За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Република Бугарија.
Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица, соопштуваат од Министерството за здравство.