Откако ја напушти ЕУ и го заврши преодниот рок кон крајот на минатата година, Велика Британија започна да воведува нов имиграциски систем. Граѓаните на ЕУ кои можат да докажат дека работеле во Велика Британија пред 31 декември минатата година, ќе го задржат правото на работа, студирање и некои услуги.

До 30 јуни се примени 6,02 милиони апликации, од кои 5,45 милиони се заклучени, покажуваат податоците.

Од заклучените барања, четири проценти биле одбиени, повлечени или неважечки. На останатите им е прифатено барањето и го задржуваат правото на престој.

Граѓаните ќе добијат официјално известување во рок од 28 дена доколку не успеале да обезбедат статус за постојан престој или престој, но потоа нема да имаат право на работа, бенефиции и ќе го изгубат правото на услуги, како што е бесплатна здравствена заштита.
Владата во Лондон постојано нагласуваше дека ќе се обиде да обезбеди статус за граѓаните на ЕУ, наместо да бара причини за нивно одбивање.