\Во Бугарската амбасада во Република Македонија беа потпишани договори за грантови за реализација на 16 проекти во вкупна вредност од 927.267 лева. Проектите се насочени кон развој на граѓанското општество, медиумски плурализам, подобрување на квалитетот на образованието, подобрување на квалитетот на здравствената заштита, вклучително и за семејствата со загрозени деца, соработка и поврзаност во областа на културата и други.
Корисници на помошта доделена на Република Македонија се невладини организации и претставници на локалната самоуправа. Изборот на проекти е во согласност со задачите на бугарската надворешна политика, меѓу кои се зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и стимулирање на социо-економскиот развој на земјите партнери.
Потпишаните договори за проекти се во рамките на одлуката усвоена претходно овој месец од страна на Советот на министри за доделување грантови за финансирање проекти во Република Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Виетнам, Ирак, Јордан, Либан, Мароко, Тунис, Намибија, Ангола, Нигерија.