ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 161 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 06.09. до 12.09.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 73 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.