Комити најавија најголема кореографија досега на натпреварот Вардар – Црвена Звезда
Навивачката група Комити упати силен апел до јавноста: сите љубители на фудбалот да се приклучат на хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, закажан за 16 април на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Натпреварот има една цел – поддршка за семејствата на загинатите и повредените во кочанскиот пожар.
Продажба на маички за кревање свест и средства
По овој повод, ќе се продаваат специјално дизајнирани маички по цена од 500 денари. Од „Комити“ апелираат сите посетители да дојдат облечени во овие маички. Средствата собрани од нивната продажба ќе се користат за изработка на голема кореографија во чест на трагично загинатите.
Секој денар оди за семејствата на жртвите
Сите приходи од продадените билети ќе бидат донирани на семејствата кои претрпеа загуби. Комити најавија најголема кореографија досега на натпреварот Вардар – Црвена Звезда. Дополнително, ќе бидат поставени кутии за донации на самата арена, со што ќе се овозможи секој да придонесе според можностите.
Во продолжение соопштението на навивачката група Комити:
View this post on Instagram
Натпревар со длабока симболика
Натпреварот меѓу двата клуба не е само спортски настан – туку симбол на солидарност, единство и почит. Комити уште еднаш потсетуваат дека заедништвото и човечноста треба да бидат над сè, особено во вакви трагични моменти.
Министерот за здравство потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани