Чилеанскиот претседател Габриел Борич од денеска прогласи дводневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари во регионот Валпараисо во централно Чиле.
400 пожарникари и 1. 300 војници и доброволци четврти ден по ред беа ангажирани во гаснењето на шумските пожари кои го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле.
Претседателот Борич, кој синоќа ги посети погодените области изјави дека тоа е една од најголемите трагедии од 2010 година, кога земјата беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.
Помеѓу три илјади и шест илјади куќи беа оштетени или уништени во пожарите. Уништени се околу 43 илјади хектари шуми.