Според претседателот на комисијата, Рилинд Хаса, ова е вкупната бројка на оние кои се пријавиле претходно, кога сè уште не беше одлучено за прегласување на едно гласачко место во Дебар и на оние кои се пријавиле минатата недела.

Од вкупната бројка, 58 се од првиот рок и за нив веќе е одлучено, што значи дека нивното загарантирано уставно право на глас ќе го остварат во сабота на 16 ноември. Останатите 17 барања се доставени минатата недела и доставените барања со документација ги немаме разгледано, рече Хаса, за МИА.

Во првиот изборен круг беа пријавени 21 болно и изнемоштено лице, едно барање не беше прифатено а правото на глас го остварија 20 лица.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до комисијата не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација.

Во Единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле 8.046 или 41,88 отсто.