-По констатираните нерегуларности, во месец октомври, 24 возачи се исклучени од сообраќај, а 86 се законски санкционирани. Во истиот месец, минатата година, исклучени од сообраќај се 31 возач, а 87 се законски санкционирани, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, во период јануари-октомври годинава на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, што со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, регистрирани се 696 сообраќајни прекршоци, пред сè, управување на возило со поголема брзина од пропишаната и неправилно престигнување.

-Во истиот извештаен период биле регистрирани 291 сообрајќаен прекршок. На ова подрачје за десет месеци регистрирани се 42 сообраќајни незгоди, наспроти 24 во споредбениот период минатата година, за среќа без човечки загуби, посочува Димоски.

Акциските контроли во сообраќајот, додава тој, ќе продолжат кон сите учесници во сообраќајот со цел доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.