– Полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска го привеле триесет и едногодишениот Р.С. од скопското село Кондово.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум саксии со развиени стебла од канабис сатива.
Р.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.