Првите денови од новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината.

Во Дубровник беше соборен јануарскиот температурен рекорд и денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови.

Тамошните медиуми известуваат дека многу жители во Дубровник, Задар и останатите места на крајбрежјето и островите, уживале во денот сосема нетипичен за јануари, па некои од нив решиле да одат на плажа и да се капат во морето.