Јавното здравство на Франција објави дека на 12 јули во Франција имало 182.006 нови случаи на Ковид-19, што е речиси 12 отсто помалку од минатата недела, јави дописникот на МИА.
Седмиот бран на Ковид-19, чиј врв Жан-Франсоа Делфраиси го предвиде на крајот на јули, може постепено да се намалува од денеска. Најновиот извештај од Јавното здравство покажува дека актуелниот бран повеќе не покажува нагорен тренд туку во споредба со минатата недела намален е за 12 отсто.
Но, здравствените власти предупредуваат дека треба да се почека три до четири дена за се утврди дека се намалува бројот на заразени лица.
Францускиот министер за здравство Франсоа Брон пред два дена апелираше „на совесно граѓанско однесување на сите“ односно носење маска „на преполни места и во јавен превоз“.