-Имаше повеќе од сто апсења во 400 истраги што беа отворени откако ковид-сертификатите станаа задолжителни на некои места ова лето, изјавил Дарманин за телевизијата Франс 2.

Апсењата се однесуваат и на корисниците на лажни сертификати и на мрежата што ги продава, објаснуваат изворите.

-Проблемот со лажните сертификати е што тие често се издаваат во соработка со лекари или медицински сестри, рече министерот, велејќи дека тоа е тешко да се докаже.

-Затворски казни се веќе изречени, пред сè за корисниците на сертификатите, рече Дарманин, додавајќи дека казните можат да бидат и до пет години.

Сепак, тој додаде дека е за прекин на истрагите против оние кои имаат лажен сертификат, но се подготвени да ги почитуваат правилата.