Утре рано наутро петте хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот, најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку својот фејсбук профл.

Тој претходно објави дека пет хеликоптери, од кои два македонски и три српски, попладнето се упатиле кон локацијата зафатена со пожарот, но поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување.

Како што соопшти Ангелов, во државата се активни 10 пожари од кои неколку се исклучително сериозни, а другите се од средна категорија. Во некои гори сува трева, нискостеблести растенија, грмушки и се далеку од населени места поради што не се опасност за никого.