Четиридневното примирје меѓу Хамас и Израел, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила утрово во 7 часот по локално време.
„Хуманитарната пауза“, договорена под покровителство на Катар, Египет и САД, доаѓа откако војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас влезе во својот 49-ти ден.
Првото ослободување на заложниците (13 жени и деца) се очекува околу 16 часот по локално време.
За времетраењето на прекинот на огнот ќе бидат ослободени 50 заложници во замена за 150 палестински затвореници.