Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран од кои најмногу или 81 се на територијата на општина Гевгелија, 28 во општина Богданци и 6 активни пациенти на ковид се во општина Дојран.
Бројката на вкупно заразени од почетокот на пандемијата изнесува 3.677 од кои 3.568 оздравеле. Најмногу, разбирливо, се регистрирани во општина Гевгелија, вкупно 2.846, во општина Богданци се заразиле вкупно 659 граѓани и најмалку, поточно 172 пациенти се заразиле во општина Дојран.
Со оглед на сегашната состојба, која повремено се стабилизира, а повремено знае да ескалира, од болницата упатуваат апел до граѓаните да се интензивира процесот на имунизација, особено на оние кои сè уште не примиле прва доза од анти ковид вакцините, како и на граѓаните кои немаат примено „бустер“ доза затоа што само вакцините гарантираат полесна болничка слика, доколку дојде до заразување со вирусот.