СВР Тетово информира дека полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (1 февруари) околу 13 часот го лишле од слобода 63-годишниот С.Б. , кој претходно извршил кражба во трговски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, сопственост на 50-годишниот гостиварец А.А.

Украдените предмети му се одземени и вратени на сопственикот, додека против 63 годишното лице ќе следува поднесок.