Грција денеска надмина 11.525.000 аплицирани дози од вакцината, а барем една доза од вакцината примиле над 6.145.000 граѓани, што е 58,5 проценти од општото или 67,6 отсто од полнолетното население.

Темистоклеус истакна дека во изминатите десет дена, 150.000 граѓани закажале термин за вакцинација.

Во однос на старосните групи, се осврна на младите, соопштувајќи дека од оние што се на возраст меѓу 18 и 24 години, вакцинирани се 45,4 отсто, а со намалување на возраста се намалува и процентот на вакцинирани: 20 отсто од оние што се меѓу 15 и 17 години и 9,6 проценти, односно 36.500 деца на возраст од 12 до 14 години.