Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и сл, нема да постојат никакви ограничувања.

Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена.