Во изминатата седмица во Грција е регистриран за 21 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19, вкупно 355 починати, но и за 11 проценти намален број на позитивни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 25 до 31 јули биле потврдени 122.230 случаи на Ковид -19, од кои 20 отсто се реинфекции, а биле направени 802.999 тестови, со стапката на позитивност 15,22 отсто, наспроти 15,56 проценти пред една седмица.
За седум дена биле регистрирани 355 смртни случаи, 21 отсто или 84 починати повеќе од минатата седмица.
Во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.558, а отпуштени 2.219 пациенти, додека пак вкупно 138 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.474.616 случаи на Ковид-19, а починаа 31.377 лица.