Со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции, Ковид-19, грип во училиштата во Грција, во пресрет на почетокот на наставата в понеделник Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) објави упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал во училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ преку соопштение, апелираат до учениците и наставниците да се придржуваат до основните мерки како што се редовно миење раце, добро проветрување на училниците, одржување растојание, кашлање и кивање во лактот или во марамче итн.
Посочуваат дека доколку некој од учениците има симптоми на респираторна инфекција (болки во грлото, кашлица, течење на носот) или има позитивен резултат од Ковид тест или тест за грип се препорачува да остане дома и да ги ограничи контактите со други луѓе.
Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за респираторните вируси во Грција, во периодот од 25 до 31 декември, „значително е зголемена позитивноста кај сите тестирани примероци во однос на претходната седмица“, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.
Хоспитализирани биле 1.
818 лица, за 44 отсто повеќе од просекот во изминатите четири седмици, зголемен е бројот и на пациентите приклучени на апарати, а намалување има на бројот на починати од Ковид-19, вкупно 57, наспроти 62 лица минатата седмица.