Во немилосрдното руско гранатирање во текот на ноќта погодени се куќи во североисточниот украински регион Харков, соопшти Владата во Киев.
Нападот на Харков бил концентриран околу Изум и Чухуив, соопшти денеска украинската армија, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви. Руските „окупатори“ уништија и училиште и културен центар во градот Мерефа, но засега нема информации за евентуални жртви, се наведува во соопштението, објави Си Ен Ен.
Украинската армија, исто така, известува и за силни експлозии во јужниот регион Керсон, кој е под руска контрола уште од самиот почеток на инвазијата. Армијата предупреди дека снабдувањето со електрична енергија, вода и гас е многу тешко и со зголемени прекини низ поголемиот дел од земјата, а недостигот на храна и лекови претставува огромна загриженост.