Во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 63 лица, а над 200 се повредени. Се очекува денеска обвинителството да достави предлог-листа на сведоци од кои се откажува.

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА „ПУЛС“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Станува збор за десетина луѓе за кои постои проценка дека нивните искази ќе се повторуваат. Некои од нив сè уште не се во земјава бидејќи се лекуваат во странство. На претходното рочиште сведочеше претседателката на Комората за приватно обезбедување Милеска-Стафановска која појасни дека обврска на лицата кои обезбедуваат е да спречат внесување на опасни средства во објектот.

Сведочеше и Маја Тимовска од Дирекцијата за заштита и спасување која истакна дека дискотеките во земјава имаат обврска да изработат план, проценка, правилник и елаборат за заштита и спасување.