Индија прогласи ден на жалост за британската кралица Елизабета Втора, при што знамиња на сите владини згради се на половина копје.
Официјалните забавни настани исто така се откажани од почит кон починатата, соопшти индиското Министерство за внатрешни работи.
Знамињата на индискиот Парламент се спуштени на половина копје, како и на претседателската палата, Црвената тврдина и другите владини канцеларии во Делхи.
Во четвртокот, премиерот Нарендра Моди ја опиша покојната кралица како „извонредна фигура на нашето време“.
Двовековното британско колонијално владеење на индискиот потконтинент заврши во 1947 година.