Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го пофали „подвигот“, бидејќи земјата со 1,3 милијарди жители вчера успеа да вакцинира толку голем број граѓани.
– Им честитам на вакцинираните и на оние кои ја направија кампањата за вакцинација успешна, напиша Моди на Твитер.
Индиската Влада, која е цел на критики по брзото ширење на епидемијата, изрази надеж дека до крајот на 2021 година ќе вакцинира 1,1 милијарда луѓе.