Во инфраструктурата обезбедивме највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски, на отчетот од една година Влада.
Склучивме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство врз основа на кој подоцна се остварува и економска соработка под поволни услови за изградба на брза пруга на Коридор 10 и изградба на болници. За само една година обезбедивме градба на 225 инфраструктурни проекти во прва фаза во висина од речиси 3 милијарди денари и 615 инфраструктурни проекти во втора фаза во висина од речиси 7 милијарди денари. Започнавме со изградба на автопатот Тетово -Гостивар во должина од 17,5 километри, со изградба на автопатот Гостивар – Кичево (Букојчани) во должина од 30,3 километри како и изградба на автопатска делница Прилеп-Битола во должина од 39,3 километри. Ја пуштивме во употреба делница Градско – Дреново од експресниот пат Градско-Прилеп во вредност од 37,4 милиони евра и должина 15,5 км. Го пуштивме во употреба експресниот пат (Страцин) Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,4 километри, во вредност од околу 98 милиони евра, изјави Мицкоски.
Целосно го реконструиравме регионалниот пат Охрид (Коњско) – Свети Наум во должина од 24,5 километри и вредност 11.6 милиони евра.
Ја уштивме во употреба пругата на коридор 8, Куманово-Бељаковце во вредност од 43 милиони евра и во должина од 31 км. Од нула функционални локомотиви за само три месеци од мандатот 11 ставивме во употреба и обезбедивме нормализација на железничкиот сообраќај. Воведовме 11 нови авиолинии од двата аеродроми и обезбедивме 360 милиони денари финансиска поддршка, истакна премиерот.
Доделени над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија
Интензивно се гради и во завршна фаза е автопатот Кичево Охрид (делница Врбјани Охрид) во должина од 40 километри.
Започнавме постапка за избор на трет мобилен оператор со што ќе се отворат нови работни места и ќе донесе конкуренција на пазарот за пониски услуги за граѓаните.
Во тек е набавка на 120 нови и модерни автобуси
Притоа се бориме за секое ново отворено работно место. Донесовме Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, со рекордна вредност од 2,5 милијарди денари или 40 милиони евра. Оперативниот план опфаќа над 16.000 граѓани и фокус на истиот се младите и невработените. Направивме скалесто ограничување на маржи за 102 групи производи. Спроведовме акции против инфлацијата како Помалку трошоци, повеќе за тебе и Есенска потрошувачка кошничка“ каде за 10% ограничувме маржи за 73 производи
Зголемени пензиите на над 300 илјади пенионери за 6 илјади денари
Во делот на детската заштита- на над 15 градинки им се издадени решенија за дејност и почеток со работа, или им е обезбедена кадровска екипираност . Проширен капацитет за околу 1500 деца (точно 1461). Во тек се изградби/доградби/ опремувања на 11 градинки кои се очекува да се отворат во 2025. Со отворањето на овие објекти, капацитетот ќе се зголеми за над 1100 деца, изјави Мицкоски