-Согласно владината одлука, новите мерки ќе важат од понеделник, 20 декември, до 30 јануари, а се однесуваат на кафеаните, рестораните, спортските настани, театрите, кината и културните собири, изјави премиерот Мајкл Мартин.
Новите мерки ќе го намалат максималниот капацитет на помалку од 50 проценти или максимум 5.000 посетители за настани на отворено и 50 проценти или до 1.000 посетители за настани во затворен простор.
-Ако го оставиме да се шири без контрола, новиот сој Омикрон би претставувал многу значајна закана за болниците и одделенијата за интензивна нега, но и за општеството и економијата во целина, рече Мартин.
Ирска во петокот објави повеќе од 3.628 нови случаи, а сојот Омикрон сочинува околу 35 проценти од сите регистрирани инфекции.