Голема трагедија во семејството на познатата пејачка Мараја Кери. Мајката и сестрата починале во ист ден изминатиот викенд, соопшти пејачката.
„Срцето ми е скршено зашто ја изгубив мајка ми овој викенд. За жал, во трагичен развој на настаните, и мојата сестра почина истиот ден“, објави Кери.
Нејзината мајка Патриша почина на 87 годишна возраст, а беше поранешна оперска пејачка и гласовен тренер. Патриша и Мараја имале комплициран однос. Мараја во своите мемоари објави дека помеѓу нив имало „натпревар“ поради љубомора, но никогаш не крие дека нејзината мајка ја вовела во светот на музиката.
Сложен бил односот и со нејзината сестра Алисон, која почина на 63 години. Алисон поднесе и тужба против Мараја по излегувањето на мемоарите, бидејќи таа во нив пишуваше и за нивниот сложен однос, и напиша дека била оттуѓена од Алисон и нивниот брат Морган, велејќи дека било емотивно и физички подобро за неа да нема контакт со нив.
Таткото Алфред почина во 2002 година.