Досега се пријавени околу 22 илјади граѓани. Вакцинација во Скопје се одвива во три пункта и тоа во поликлиниката Идадија,поликлиника Бит пазар каде ќе се вакцинира во две смени и поликлиниката во Ѓорче каде ќе се врши вакцинација во втора смена, вели во изјава за „Локално“, доктор Виктор Исјановски.
Tој објаснува дека според новите препораки може да се прими вакцината против ковид и сезонски грип во исто време.
-Според сегашните препораки без разлика која доза на вакцина против ковид-19 е примена може граѓаните да ја примат во исто време и вакцината против сезонски грип, вели Исјановски , додавајќи дека со време е започната вакцинацијата бидејќи епидемиолошки гледано грипот најактивен е во февруари.
Заинтересираните граѓани за вакцина против сезонски грип може да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака смс ќе добијат термин.Годинава се обезбедени 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани.