Италија објави дека вратила 266 антички артефакти вредни десетици милиони евра од Соединетите Држави, кои биле однесени во Америка и таму продадени од меѓународна мрежа на шверцери кон крајот на 1990-тите.

Меѓу предметите, од кои најстарите датираат од деветтиот век п.н.е., има предмети од периодот на Ертрурската, Големата грчка и Римската империја, пренесува Ројтерс.

Артефактите се вратени благодарение на соработката на правосудните органи на Италија и САД, соопшти специјалната единица на италијанската полиција.