Во Федерацијата БиХ се пријавени 10 смртни случаи, во ентитетот Република Српска има 14 починати а уште два смртни исхода се пријавени од дистриктот Брчко во последното деноноќие. Вкупно во земјата од почетокот на пандемијата пријавени се повеќе од 9.800 смртни исходи од Covid-19, од вкупно над 215.000 заразени.
Загрижувачките податоци за растот на бројката на податоците ги следат и податоците за зголемување на дневниот број на нови коронаинфекции. Бројките од почетокот на седмица се движат меѓу 550 и до над 900 во средата, а во четвртокот се пријавени нови 554 новозаразени.
Забрзаното ширење на заразата во БиХ се бележи од почетокот на август, но острото зголемување на бројот на новозаболените следеше оваа седмица, а здравствените власти предупредуваат дека тоа е резултат на ниската вакцинираност, но и доминацијата на делта варијантата на коронавирусот.
–Заболениот заразен со делта сојот може да зарази 20 до 30 лица, изјави во четвртокот за новинарите директорот за Заводот за јавно здравство на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, предупредувајќи дека токму поради тоа има сѐ повеќе заразени.
Двете дози од вакцините против коронавирусот досега ја примиле само малку повеќе од 10 отсто од возрасните жители на БиХ, додека со една доза се вакцинирање околу 20 отсто.